Пет грешки поради кои градите изгледаат полошо

Сподели со своите пријатели

Големи, мали, вакви или онакви, сите гради се убави на свој начин, особено ако ги прашате мажите.

Loading...

Она што сигурно не го сакате, се лабавите гради и деколтето кое изгледа старо, и токму за тоа придонесуваат грешките што многу жени ги прават.

 

 

Носите погрешен градник или воопшто не го носете

Ако не носите правилен градник, кој навистина пружа потпора на вашите гради – што е особено важно ако имате бујни гради, затоа се потешки – со текот на времето тие ќе се релаксираат бидејќи гравитацијата само си го прави своето.

Покрај тоа, студија од 2013 година покажа дека неносењето градник исто така го забрзува опуштањето на градите и нивното стареење.

Loading...

Не пиете доволно вода

Водата е важна за хидрирање на целиот организам, а со тоа и на кожата, како најголем орган. Ако не внесете доволно течности, кожата ќе биде сува и груба, опуштена, а тоа прво може да се забележи на чувствителната кожа на деколтето.

Не ја заштитувате кожата од сонцето

Дерматолозите повторуваат дека е многу важно да се заштити кожата од сонце, бидејќи прекумерната изложеност на сончева светлина го забрзува стареењето на кожата. Ако не сте веќе, започнете редовно да нанесувате SPF крем на вашето деколте што е можно побрзо.

 

 

Пушење

Loading...

Нема потреба да повторувате колку е штетно пушењето за белите дробови и општото здравје, но можеби дури и не знаете колку е лошо за кожата. Имено, оваа ужасна навика ја уништува еластичноста на кожата, а секако придонесува за опуштање на градите и нивно стареење.

Имате чести варијации во телесната тежина

Ако често сте биле на диети со јо-јо ефект, т.е. вашата телесна тежина често варира, ова ќе се види и на градите. Честото истегнување на кожата, кое се јавува поради дебелење, кожата ја губи еластичноста, поради што по неколку здебелувања и ослабнувања градите ќе изгледаат како надуен балон.

Leave a Reply