13.08.2019 12:54

Пет грешки кои ги правиме при готвење супа


Иако готвењето супа изгледа како најлесната кулинарска задача која барамо само лонец, вода, зеленчук и месо, да се направи совршена супа не е толку едноставно.

Ова се грешките кои ги правиме при подготовка на оваа топло јадење.

loading...

Готвиме на превисока температура

Во желбата за што побрз ручек, поголемиот дле од нас супата ја варат на максмална температура. Во тој случај доколку има месо тоа би можело да биде суво, а зеленчукот преварен. За да од сите намирници се извлече максимумот супата е потребно да се готви на пониска температура, односно да се крчка.

Јачината на варењето треба да биде таква што при процесот на површината на секои неколку секунди ќе се појавуваа едно или две меурчиња.

Недоволно сол

Ништо не е толку важно како вистинската мерка на сол. Доколку варите супа секако, од време на време, пробајте за да ја погодите точната кочина на зачини. Верувајте им на своите сетила повеќе отколку на рецептот.

Вода и зачини за совршена супа

Иако многумина од нас во супата ставаа говедска или пишека коцка и без неа супата може да биде совршено вкусна. Супите направени само од вода и зеленчук со вистинска мера на зачини и сол можат да бидат извонредни.

За да ја засилите аромата, можете да испробате со еден необичен зачин кој некои го користат. Имено, пред крајот на варењето додадете малку кора пармезан за поинаков вкус.

loading...

Image by RitaE from Pixabay

Преварен зеленчук

Иако многумина веднаш на почетокот на варењето заедно со месото го ставаат и зеленчукот тоа е грешка која секако треба да ја избегнувате.

Имено, на зеленчукот му е потребно далеку помалку време за варење отколку на месото, па е потребно да го додавате постепено во супата, зависно од тоа колку време му е потребно да се свари.

Веднаш на почетокот можете да ставите целер и кромид па месо, а последните половина час додадете го зеленчукот.

Ставаме несоодветни зачини

За да го подобрите вкуст на супата и да и дадете поинаква нота често знаеме да експериментираме со зачини и притоа да претераме. Иако тие се најдобриот начин на кој можеме да го подобриме вкусот и изгледот на супите при изборот треба да се внимава вкусовите добро да се соединат.

Обидете се со зачини или малку изрендан пармезан. Одлични додатоци за крем супите се и јогуртот и киселото млеко, а можете да пробате и со пржени семки од тиква.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments