Пет членки на ЕУ бараат забрана за увоз на дијаманти од Русија

Сподели со своите пријатели

Европската унија мора да престане да увезува дијаманти од Русија, наведоа пет од 27-те земји на ЕУ во заедничкиот предлог, во кој увид имала агенцијата Ројтерс.

Loading...

Одлуката ќе треба да биде едногласна за да стане дел од новата рунда санкции насочени кон Руската Федерација, која досега беше отфрлена од Белгија – дом на најголемиот светски трговски центар за дијаманти, Антверпен.

Европската комисија следната недела треба да претстави официјален предлог за дополнителни санкции против Москва, наведува Ројтерс.

Полска, Ирска, Литванија, Естонија и Летонија предложија да се забрани увозот на дијаманти од Русија, каде што компанијата „Алроза“ е најголемиот светски производител на необработени скапоцени камења.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови чистки во Кремљ: Падна еден од најбогатите соработници на Путин

Претставник на Светскиот центар за дијаманти во Антверпен рече дека санкциите ќе одземат околу 30 отсто од деловните и ќе имаат корист ривалските трговски центри, додавајќи дека на клиентите треба да им се дозволи сами да одлучат дали сакаат руски скапоцени камења.

Ројтерс додава дека белгиското Министерство за надворешни работи и дипломатската мисија во ЕУ не одговориле на барањата за коментар.

По предлогот на Европската комисија за нови санкции, дипломатите и министрите ќе водат преговори додека не постигнат консензус, во спротивно ова прашање ќе оди пред националните лидери кои ќе се сретнат во Прага на 6 и 7 октомври, додава британската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес донесе закон што може да доведе до крај на ТикТок