Песков: Немаше средба со САД, Украина одбива преговори

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија и САД не се сретнале за да се договорат за преговори со Украина.

Loading...

„Не. Немаше средби“, изјави Песков, пренесува Тас с.

Коментирајќи ја изјавата на портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби дека САД сакаат крај на конфликтот во Украина и почеток на мировните преговори, Песков рече дека тоа „тешко дека може да се нарече иницијатива“.

„Постои указ од украинската страна, претседателот Зеленски, да одбие какви било преговори“, нагласи Песков.

Претходно, во интервју за „Еј-би-си њуз“, Кирби изјави дека САД сакаат војната да заврши.

„Сите сакаме оваа војна да заврши. Таа трае предолго… Што треба да се случи: Двете страни треба да најдат излез од ова преку преговори, мирно и дипломатски“, рече Кирби.

Украинските власти денеска објавија дека Русија извршила ракетни напади врз голем број украински градови, а според податоците на киевската полиција, идентификувани се пет жртви на нападот, додека 12 се ранети, пренесе Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...