Пештери во Словенија станаа место за обука на астронаути

Сподели со своите пријатели

Астронаути од пет вселенски агенции деновиве се обучуваат за вселенски мисии во Словенија, како дел од програмата CAVES на Европската вселенска агенција (ЕСА).

Loading...

Обуката во пештери изложува шест избрани астронаути во околини и ситуации многу слични на вселенското летање, за да им помогне да го пренесат учењето од нивната пештерска експедиција во вселената.

Астронаутите ги испитуваат подземните системи, вршат научни експерименти длабоко под земја и ги планираат и документираат своите активности, пренесува словенечката агенција СТА.

Според ЕСА, обуката за астронаутите кои доаѓаат од таа агенција, рускиот Роскомос, канадската и јапонската вселенска агенција и НАСА (двајца астронаути) започнале во средата.

На 20 септември тие ќе го започнат својот шестдневен престој во Лепа Јама, пештера во областа Кошевје на југот на Словенија, каде ќе ги истражуваат подземните води.

Пештерата води кон лавиринт на премини, кои астронаутите ќе мора сами да ги истражуваат, бидејќи нивната комуникација со тимот на површината ќе биде многу ограничена.

Официјален претставник на ЕСА, кој ја дизајнираше програмата, Лоредана Бесоне, смета дека таквата симулација е најблиската можна околина што може да се најде на Земјата до „еколошките, психолошките и логистичките ограничувања на вселенската мисија“.

Leave a Reply