Пешиќ Бошковска: Владата ги ограничи цените за лекување до максимални 305.000 денари

Сподели со своите пријатели

Со измените на Законот за здравствена заштита се предлага цените во приватните болници да се изедначат со цените на Фондот за здравствено осигурување, рече денеска на прес конференција Катерина Пешиќ – Бошковска, портпарол на Општинската организација на СДСМ Куманово.

Loading...

Со предлог измените, како што рече таа, трошоците за дијагностицирање и лекување на ковид пациентите ќе се движат од 40.000 до максимални 305.000 денари.

– Ваквото регулирање на цените во време на пандемија е неопходно, за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромен број на граѓани од земјата. Овие чекори се преземаат за да се озвоможи, здравствените услуги во приватните болници да бидат достапни за сите граѓани, со што ќе се заштити јавното здравје и економските интереси  на нашите граѓани, рече портпаролот на кумановското СДСМ.

Со измените, појаснува Пешиќ Бошковска е предвидено и користење на приватните болници доколку условите го наложуваат тоа, согласно со состојбата со ковид пандемијата, а во име на заштитата на јавното здравје.

– Се забранува преземање на здравствените работнци од јавното здравство од страна на приватните здравствени установи. Предвидени се и измени во делот на глобите со прекршоци, доколку приватните здравствени установи не постапуваат соглсасно законските одредби, вели таа.

Измените, појаснува таа, наскоро ќе се најдат пред пратениците.

Пешиќ Бошковска изрази жалење по вчерашното, како што вели, нехумано однесување на опозицијата за донесување на 5-тиот сет на мерки за справување со пандемијата.

– Во исто време, како одговорна партија  остануваме посветени на заштитата на јавното здравје без разлика на опструкциите на опозицијата да го покажат спротивното.  Во време на светска здравствена криза, очекуваме да преовладее разумот во надминување на истата, а не преку препукување и борба за превласт да се собираат евтини политички поени по грбот на граѓаните, додава Пешиќ Бошковска.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply