Пешак загина во населбата Карпош

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и тригодишниот Д.В. вчера околу 17 часотго загуби животот откако на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во населбата Карпош во него удрил автомобил марка „Тојота Јарис“ управувано од лицето Љ.С.

Loading...

Веднаш по несреќата на лице место пристигнале екипи на Итната медицинска помош кои констатирале смрт кај пешакот, а двете лица од возилото биле пренесени на Одделението за психијатрија во кумановската болница, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Куманово, при што сообраќајот беше затворен во двете насоки до 19 часот.

Leave a Reply