Пешак повреден при судир на два автомобили во Куманово

Сподели со своите пријатели

Шеесет и шест годишен кумановец со иницијали М.С. вчера во раните утрински часови околу 07.25 часот бил повреден во Куманово на крстосницата од улиците „Тоде Мендол“, „Есперанто“ и „Романовски пат“, каде се случила сообраќајна незгодa, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Ауди А4“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К. (47) од Куманово и патничко моторно возило марка „Мазда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.А. (35) од Куманово.

Во незгодата возилото марка „Ауди“ излетало од коловозот и удрило во пешакот М.С. (66) од Куманово, кој стоел надвор од коловозот. Пешакот М.С. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во кумановската болница, каде му се констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е префрлен во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.