Пешак од Куманово повреден на паркинг

Сподели со своите пријатели

Во кумановската полиција викендов било пријавено дека на паркинг простор на булеварот “Октомвриска револуција“ патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(51) од селото Лојане, општина Липково удрило во пешак Р.М.(75) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Р.М. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош, додаваат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply