Пентагон откри каде ќе се обучуваат украинските пилоти за моќниот Ф-16

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер, рече дека украинските пилоти Ф-16 ќе бидат обучени на локации во Европа.

Loading...

„Но, кога станува збор за… кога ќе започне таа обука, како ќе бидат обезбедени тие авиони, кој ќе ги обезбеди, ние продолжуваме да работиме со нашите меѓународни партнери на тие прашања“, рече Рајдер, според американското Министерство за одбрана.

Според Рајдер, САД ќе бидат вклучени во помошта за обука на украински пилоти.

Претставникот на Пентагон додаде дека обуката и можниот трансфер на авиони Ф-16 во Украина се насочени кон поддршка на среднорочните и долгорочните одбранбени потреби на таа земја и нема да бидат релевантни за најавената контраофанзива против руските војници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американците ставија вето за прием на Палестина во ООН

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.