Пентагон користел крлежи како биолошко оружје?

Сподели со своите пријатели

Некои членови на Претставничкиот дом на САД странуваат дека Пентагон експериментирал врз крлежи, а потоа ги пуштил во јавноста и така предизвикал ширење на лајмската болест, од која во САД боледуваат 300.000 лица.

Loading...

Списанието „Рол кол“ специјализирано за покривање на сите случувања во Конгресот и Капитол хил, пренесува дека Претставничкиот дом одлучил да го поддржи амандманот на законот за одбрана во 2020 година, кој би барал Министерството за одбрана да провери шпекулации за лабораториски модифицирани крлежи.

Републиканскиот парламентарец Кристофер Смит од Њу Џерзи напишал амандман, кој бара од главниот обвинител на Стејт департментот да спроведе истрага и да поднесе извештај за тоа дали Министерството за одбрана меѓу 1950 и 1975 година експериментирало на крлежи и други инсекти за да ги користи како биолошко оружје.

Доколку истрагата потврди декапостоел таков или сличен програ, истражителот ќе мора да провери и да утврди дали некои од инсектите кои биле користени избегале или намерно биле пуштени од лабораторијата.

– Потребни ни се одговори и тоа веднаш, рекол Смит за „Рол кол“.

Со години кружат шпекулации за тоа дека експертите во лабораториите за проучување животински болести на островот Плам близу Лонг Ајленд и Форт Дерик во Мериленд, можеби инфицирале инсекти за да развијат биолошко оружје.

Image by Jerzy Górecki from Pixabay

Leave a Reply