Пентагон ја укина задолжителната вакцинација на војниците против Ковид

Сподели со своите пријатели

Пентагон ја укина задолжителната вакцинација против Ковид-19 за сите припадници на вооружените сили на САД, која претходно беше воведена од администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Loading...

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера во меморандум изјави дека военото раководство продолжува да ги охрабрува сите припадници на вооружените сили да се вакцинираат и да добиваат дополнителни дози, но повеќе нема да ги отпушти оние кои одбиваат од верски, административни или медицински причини, пренесува Ројтерс.

Во август 2021 година, Бајден нареди сите 1,3 милиони активни членови на вооружените сили на САД да бидат вакцинирани против Ковид-19, со противење на републиканците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Воените службеници се соочија со неочекуван отпор меѓу војниците за задолжителната вакцинација, а републиканците побараа Бајден да ја повлече наредбата како дел од компромисот за време на усвојувањето на Законот за овластување за национална одбрана (NDAA) за фискалната 2023 година, што американскиот претседател го потпиша во декември.

Според Министерството за одбрана, оттогаш биле отпуштени 3.717 маринци, 1.816 војници и 2.064 морнари бидејќи одбиле да бидат вакцинирани, според Ројтерс.