ПЕКОЛ ЗА ПАРИЧНИКОТ: Ова се најскапите градови во Европа

Сподели со своите пријатели

Разгледување на градот не може да помине без да пробате гурмански специјалитети.

Loading...

Сепак, факт е дека во некои градови ќе треба да одвоите поголема сума пари за квалитетен оброк.

 

 

За да се дознае кои европски градови се најскапи, направена е анализа која опфатила споредување на цените на оброците за двајца во евтините ресторани, потоа во оние кои се на средно ниво.

Било споредено и колку треба да се одвои за вечера за двајца во паб, како и колку ќе чини оброк за тројца во италијански ресторан.

На крајот била извлечена просечната цена која треба да се одвои за ручек/вечера во ресторан, пишува Euronews.com.

Loading...

Интересно е што два од првите три града на листата се наоѓаат во Норвешка.

 

 

Имено, најскап европски град според овие параметри е Осло, каде просечниот оброк за двајца чини 66,48 евра.

Потоа следат Копенхаген (63 евра) и Берген (57,52).

На листата потоа се Хелсинки (54,40 евра), Лондон (53,82 евра), Милано (52,40) и Стокхолм (50,94).

На дното на листата се Париз (50,60 евра), Единбург (50,22 евра) и Брисел (48,60).

Loading...