ПЕКОЛ НА ЗЕМЈАТА: Ова е најтоплото место во светот, со температури и над 60 степени (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Пустината Данакил во Африка е едно од најсушните, најдлабоките и најтоплите места во светот, кое многумина го нарекуваат „пекол на Земјата“.

Loading...

Пустината Данакил се протега во северо-источна Етиопија, јужна Еритреја и скоро во целиот Џибути.

Сместено е во африканската (Данакил) депресија, каде се наоѓа езерото Асал, најниската точка во Африка со -155 м под нивото на земјата и е едно од најекстремните места на планетата.

 

 

Геолошки гледано, оваа пустина настанала како пресушена рака на Црвеното Море.

Оваа пустина е позната како пекол на земјата, бидејќи се смета за најтопло место откако температурата надминува 60 степени Целзиусови.

Loading...

Климата во солената и сува пустина е најмалку сурова, но иако е едно од најнеповолните места на Земјата за живеење, пустината Данакил е дом на дури 130.000 жители, претежно номадски сточари.

Станува збор за Афари, кои покрај со номадско сточарство, се занимаваат и со копање, вадење и продавање сол, по што е позната целата пустина.

 

 

Покрај рудниците за сол, пустината Данакил е позната и по бројни активни вулкани, меѓу кои најпознати се Ерта Але и Дабаху.

И покрај неповолната клима, во една од најактивните вулкански области во светот, можете да видите стада африканско диво магаре, чакал зебра, орикс и, се разбира, камили.

Во пустината Данакил можете да уживате во неверојатни предели, создадени од комбинација на сол и магма, а бројните предели потсетуваат на површината на Месечината, па затоа повторно го привлекуваат вниманието на туристите.

Loading...

 

Leave a Reply