Пејачката Ријана е најновата милијардерка во светот: Нејзиното богатство се проценува на 1,7 милијарда долари

Сподели со своите пријатели

Американската пејачка со потекло од Барбадос, Ријана официјално стана милијардерка благодарение на нејзината компанија „Fenty Beauty“, која ја основа во 2017 година, пренесува „Форбс“.

Loading...

Богатството на Ријана се проценува на 1,7 милијарди долари, што ја прави најбогата музичарка во светот, веднаш зад Опра Винфри како најбогата медиумска личност.

 

 

Најголем дел од своите средства (1,4 милијарди долари) ги стекна од својата козметичка линија Fenty Beauty, во чија сопственост е 50%.

Поголемиот дел од нејзиното богатство доаѓа од компанијата за долна облека „Savage X Fenty“, вредна 270 милиони долари, проследена со заработка од нејзината музичка и актерска кариера.

Да потсетиме, „Fenty Beauty“, компанија како нејзин заеднички потфат, 50-50%, со францускиот конгломерат LVMH, предводен од Бернард Арно, втората најбогата личност во светот, беше лансирана во 2017 година со цел инклузивност. Нивните производи се во различни бои, во околу 50 нијанси, а ангажираат и жени од друга боја на кожа за рекламирање.

Loading...

 

 

До 2018 година, линијата донесе повеќе од 550 милиони долари приход, според LVMH, и ги надмина другите познати брендови на Кајли Џенер, Ким Кардашијан и Џесика Алба.

Според „Форбс“, „Fenty Beauty“ вреди 2,8 милијарди долари. И сите знаци покажуваат дека компанијата продолжува да расте. Во својот годишен извештај за 2020 година, LVMH рече дека „Fenty Skin“, која беше лансирана минатата година, започна со „многу ветувачки почеток“ и дека „Fenty Beauty“ „ја задржа својата привлечност како водечки бренд за шминка“.

 

Leave a Reply