Педесетина камиони заглавени на терминалот Табановце

Сподели со своите пријатели

Педесетина камиони веќе три дена се заглавени на терминалот на граничниот премин Табановце на македонско-српската граница, пишува порталот СДК.МК.

Како што јавува порталот, бизнисмени се жалат дека поради тоа што терминалот е затрупан со снег и не се чисти товарните возила не можат да го продолжат движењето, а стоењето во место само повеќе ги вкопува возилата во наносите од силниот ветер.

Од завчера попладне камионите стојат на терминалот. Никој не го чисти снегот иако се работи за државна институција. Понудивме ние да донесеме булдожер или приватно да организираме чистење, но не ни дозволија. Во камионите имаме овошје и зелeнчук и други прехрамбени производи кои ќе замрзнат и ќе се оштетат од ниските температури. Трпиме голема штета, но нема каде да се пожалиме бидејќи никој не ни дига телефон во Царина Скопје, ниту на терминалот во Куманово – се жали бизнисмен, кој се јавил од граничниот премин.

Сопствениците чии камиони се заглавени на терминалот на Табановце бараат надлежните да испратат екипа на „Македонија пат“ да го исчисти терминалот за да ги одглават камионите и да спасат барем дел од стоката што ја превезуваат.

Преземено од: СДК.МК