Павловски: Уште од самиот старт на кампањата се соочуваме со страшни притисоци, закани и местенки (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за советник во идниот Совет на општина Куманово од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Николај Павловски, денеска одржа прес-конференција на која потенцираше дека од самиот старт, но и пред почетокот на изборната кампања оваа иницијатива се соочува со страшни притисоци.

Loading...

Во продолжение, ви го пренесуваме говорот од обраќањето на кандидатот за советник Николај Павловски во целост:

„Целиот овој изминат период сме сведоци на закани и притисоци кон нашата граѓанска иницијатива „За наше Куманово“. Уште од самиот старт, но и пред почетокот на изборната кампања се соочивме со страшни притисоци. Ова е недемократски изборен процес од страна на поединци од власта која ги злоупотребуваат државните институции во лични и партиски цели.

На 2 недели пред почетокот на кампањата за локални избори, апелиравме дека се вршат зачестени притисоци врз кумановци, врз вработени во јавната администрација, во средните и основни училишта, врз членови и симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз.

Од централната власт и поединци од раководни позиции бевме напаѓани дека сме ги злоупотребувале институциите во пресрет на локалните избори. Но,
лажните претставувања за нас ги натера да ги прават истите работи против кои сите ние заедно сме се бореле во минатото.

Со докази излеговме во јавноста дека Централната власт и поединци од раководни позиции вршат злоупотреба на својата позиција. Испраќаат смс
пораки и вршат притисок на вработени во државните институции за да доставуваат списоци со 10 до 15 гласачи.

 

Loading...

 

Министерството за внатрешни работи е злоупотребено од поединци од СДСМ кои оваа државна институција ја злоупотребуваат за личен рејтинг и
победа на локалните избори. Министерот на оваа институција бара професионално работење кое не се базира на политика, но реалноста е дека вработените ги користи за партиски цели.

Целиот овој изминат период не знаеме всушност кој е кандидатот за градоначалник на општина Куманово. Дали тоа е Оливер Илиевски или Оливер Спасовски? Затоа што и двајцата заедно одат на скоро сите активности. Спасовски зборува како кандидат за градоначалник, а Оливер Илиевски аплаудира!

Покрај ова, Спасовски ја злоупотребува институцијата Министерство за внатрешни работи со вршење притисок врз вработените на Општина Куманово и нејзиниот градоначалник Максим Димитриевски преку стопирање на градежни работи кои се одамна започнати и влезени во годишната програма.

Дали овие чекори што се преземаат се демократски и коректни? Одговорот е НЕ! Ова е срамно што се случува. Срамно е затоа што се обидуваат тој што
коректно и чесно работи да го прикажат во поинакво светло. Колку повеќе зборуваат за принпици и вредности, толку повеќе во исто време злоупотребуваат правејќи го другиот грешен.

Класичното режимско постапување од најлошите години на режимот го имаме и сега, ама кај поединци од власта кои ги имаат узурпирано државните
институции за партиски цели.

Во однос на снимката која излезе пред неколку денови, поднесовме пријава за обид на изнуда на средства од кандидат во време на изборен процес. И
на таа снимка јасно станува збор за притисок и организиран напад врз советници од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, како и обид за изнудување на парични средства кои директно ги одбивме. Затоа, ги повикуваме надлежните институции да постапат и да го решат овој случај до крај.

Но, ваквите притисоци, закани и местенки кај кумановци не поминуваат. Затоа што граѓаните на Куманово ја гледаат реалната слика која вие сакате да ја промените.

Loading...

Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ во недела ќе донесе огромна победа на локалните избори во Куманово и покрај сите притисоци, закани и креирање на лажни слики во јавноста.

На 17-ти октомври, граѓаните ќе ги казнат злоупотребите и притисоците. На 17-ти октомври победува „За наше Куманово“.