Павловски: Централната власт и поединци од раководни позиции во Куманово вршат притисоци врз вработени во државни институции

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за советник на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Николај Павловски денеска на прес конференција упати критика до владејачката СДСМ дека врши притисок врз вработени во државните институции да прават списоци со гласачи во пресрет на локалните избори.

Loading...

– СДСМ во Куманово врши притисоци врз вработени во Секторот за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи, во здравствените установи, во градинките и на вработени во образовните институции, изјави тој.

Покажувајќи и фотографија, Павловски истакна дека има злоупотреби, нефер и недемократски процес за претстојните локални избори.

– Во пораката што СДСМ Куманово ја испраќа до вработени во државните институции јасно бара од нив капитените на список да достават 10 до 15 гласачи, а списоците да бидат доставени до четврток 16 септември за потоа да можат да ги комплетираат и однесат во партија. Овие списоци требало да содржат име и презиме, година на раѓање и телефонски број. На 11 септември апелиравме дека се вршат зачестени притисоци врз нашите сограѓани, вработените во јавната администрација во средните и основните училишта, како и врз членови и симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, изјави Павловски.

Според Павловски, заканите и притисоците во Куманово не може да поминат, затоа што, како што вели, Куманово е погрешен град за вршење притисок.

– Да потсетам дека претседателот на Општинската организација на СДСМ во Куманово и пратеник Мартин Костовски, неодамна искажа невистини дека имало недолично однесување и злоупотреба на институциите со притисоци и закани во пресрет на локалните избори. Ова е апсолутно неточно и веднаш апелиравме да пријават до надлежните институции. Гледаме дека оние кои лажно ги претставуваат работите, сега истите тие ги прават овие работи. Срамота. Пред неколку години се боревме за слобода, бевме против заплашувања и притисок. Четири години подоцна повторно се соочуваме со истиот принципт на функционирање како оние претходни времиња. Притисоците нема да бидат дозволени, секој граѓанин има право на свое сопствено убедување на своја сопствена опредлеба, рече Николај Павловски.

Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, вели Павловски, е згрозена од ваквото недолично однесување на власта во пресрет на локалните избори.

Павловски побара реакција од институциите и ја повика Државната изборна комисија да регулира на вакви нерегуларности.

Loading...

Никола Ивановски