Павловски: Ново модерно спортско игралиште за секој училишен објект во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за советник од граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“ Николај Павловски, денеска одржа прес-конференција на која информираше за проектите кои се спроведени во изминатите 4 години, како и за идните проекти кои се предвидени да се реализираат, а се однесуваат на подобрување на животот на младите лица од Општина Куманово.

Loading...

„Ние младите лица сме столбот во една држава. Ние сме носителите на промени, за подобро и подемократско делување. Во изминатите 4 години, Општина Куманово под раководство на независниот кандидат за градоначалник и актуелен татко на градот Максим Димитриевски инвестираше многу за младите, затоа што силно верува во нас, во нашите капацитети како квалитетна иднина за оваа држава. Имаме нов спортско-рекреативен комплекс на локалитет Спомен костурница, целосно е реконструирано игралиштето во спортскиот комплекс Соколана. Куманово доби нови спортски капацитети, 10 нови спортски игралишта и 3 училишни спортски сали со цел обезбедување на условите за младите да живеат поздраво, да спортуваат и да се рекреираат. Целосно беше реконструиран Ученичкиот дом, Професор Мијалковиќ. Со вложување во спортски капацитети, предлози, идеи и сугестии, покажавме што значи младите лица да имаат доверба и вистински партнер во институциите кои работат за интересите на младите. Отворен е првиот младински центар во наше Куманово. Се обезбедија современи услови за учениците во училиштата и се инвестираше за комплетно подобрување на самите образовни институции“, потенцираше Павловски.

Како граѓанска иницијатива „За Наше Куманово“ предводена од кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски и кандидатката на листата за советници Ивана Ѓорѓиевски, тој истакна дека по дадената доверба од граѓаните на 17ти октомври ќе продолжат со вложување во сите млади лица.

„Како иден советник, ќе направам сè што е во моја надлежност за да го подобрам квалитетот на живот на сите млади, затоа сум како млад човек и знам што му е потребно на Куманово. Ќе ги набројам проектите кои значат – Општина Куманово пријател на младите лица. По победата на 17ти октомври, како локална власт од граѓаните и за граѓаните следува: Подобрување на условите во училиштата преку реконструкција на објектите на сите општински училишта, проширување на нови капацитети и изградба на ново средно училиште; Изградба на ново модерно спортско игралиште за секој училишен објект на територија на Општина Куманово и партерно уредување на училишните дворови по примерот на “Наце Буѓони”; Отворање на Mладински интеркултурен културен центар во Дом на пионери – Куманово; Гасификација и вложување во енергетска ефикасност на општинските училишта и формирање на средношколски младински центар во рамките на Младинскиот центар при Општина Куманово“, рече Димитриевски.

Како важен приоритет за младите лица, следува и формирање на:

– Јавна соба – простор за млади лоциран на поткровје на Затворениот градски базен, со отворен и затворен простор, со ИТ опрема, простор за релаксација, едукација и забава.

– Формирање на тело/центар за координирање и соработка на средни стручни училишта, бизнис сектор и АВРМ. Во рамките на ова тело/центар ќе се реализира и професионалната ориентација на учениците.

– Конципирање на систем за мотивација на талентирани ученици: стипендирање за најдобри ученици, поддршка и промоција на техничко-технолошки и иновативни решенија, проектирани од страна на ученици и поддршка на млади културни уметници.

Loading...

– Системска поддршка на личниот развој на учениците и на нивното активно вклучување во животот во заедницата преку поддршка на неформалното образование, на забавните и волонтерските активности, организирани за и од страна на учениците.
– Нови спортски комплекси, терени и игралишта за поттикнување на спортските активности кај младите.

– Нови паркови и зеленило за поквалитетен животен стил на младите.

– Нови велосипедски патеки, трим патеки и street work зони.

– Збогатување на културната програма во градот.

– Бизнис инкубатори за старт-ап бизниси.

– Младински НВО саем

– Награди и стипендии за најуспешни млади спортисти, како и отворање на Гејминг клуб во канцеларија за млади.

„Уверен сум дека ќе ни ја дадете довербата, затоа станува збор за иницијатива која е формирана од мотивирани и професионални личности кои сакаат да го подобрат живеењето во Куманово. Да придонесат за среќни и задоволни млади, за мое, за твое, за наше Куманово! На 17ти октомври изборот е едноставен. Број 80 за идниот кандидат Максим Димитриевски. И број 61 за независната советничка листа. За наше Куманово!“, порача Павловски.

Loading...