Павловски: МВР и други државни институции го нарушуваат изборниот процес во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Куманово се забележани бројни нерегуларности во изборниот процес за локалните избори. На таа тема, кандидатот за советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Николај Павловски, одржа прес-конференција на која информира за злоупотреба на Министерството за внатрешни работи и други државни институции на локално ниво спротивно на законот и овластувањата со нарушување на изборниот процес.

Loading...

Во прилог, целосното обраќање на Павловски:

„Денеска во Куманово наместо да имаме свечен и достоинствен ден на гласање каде граѓаните по демократски пат ќе го остварат своето право да изберат Градоначалник и советници имаме целосна мобилизација на МВР и други државни институции на локално ниво кои спротивно на законот ги злоупотребуваат своите овластувања и го нарушуваат изборниот процес.

 

 

Спротивно на законот немаме присуство на униформирани полициски службеници на голем дел од избирачките места, а таму каде што ги има се наоѓаат внатре во објектите каде што се врши гласањето како што е случајот со избирачкото место 1086 и 1086/1 во населбата Иго Тричковиќ, што го сведочат револтирани гласачи кои пристапија во нашиот изборен штаб.

Голем број на лица вработени во МВР (во шестата управа), меѓу кои и членови на личното обезбедување на Оливер Спасовски, како што дознаваме од гласачи кои гласале таму стојат пред гласачкото место 1059 и 1059/1 во населбата Ајдучка Чешма вршат насочување на гласачи и притисок врз нив, како и евиденција во списоци кои што тие ги поседуваат (претпоставуваме избирачки списоци) и тоа, како што не информираат тамошните гласачи, од страна на лицата вработени во МВР Мартин Стаменковски и Сашо Каранфиловски кои што континуирано се посетувани пред и околу гласачко место од лицето Бобан Спасовски (сопственик на фирмата ДЕЛУКС АВТО дистрибутер на возилата Фолксфаген и Шкода) и се координираат околу тековните активности, претпоставуваме поврзани со избирачкиот процес.

Loading...

Граѓаните не известувват дека во текот на вчерашниот ден лица и активисти на кандидатот Оливер Илиевски во попладневните и вечерните часови вршеле, во изборниот молк, посета на домови со цел да лобираат и нудат материјални и нематеријални средства на таргетирани гласачи, а континуирано биле обезбедувани од лица од МВР кои повремено ги прателе заедно во цивилна облека и цивилни возила од типот Фолксфаген Пасат црна боја без и со регистарски таблички, кои често се менувале, Сеат Алтеа црвена боја, бел Голф 3 и 4, кои што при обид друго лице да се приближи до местото на настанот го стопирале и легитимирале и со тоа оневозможиле да евентуално ги документира изборните манипулации.

Вработени во детската градинка Ангел Шајче Куманово и неколку основни и едно средно училиште не известија анонимно дека имаат добиено насоки од своите претпоставени раководители на клонови и директорите дека денеска мораат да излезат на гласање веднаш по отварање на гласачките места, а најдоцна до 10 часот да се јават во штабовите на кандидатот Оливер Илиевски и подигнат списоци на сигурни гласачи за кои имаат обврска до 12 часот да ги исконтактираат лично и да ги повикаат да излезат на гласање и да гласаат за Илиевски.

На гласачко место во населбата Пуковско-Иго Тричковиќ, лице-поранешен вработен во Македонски Пошти на кој директно му бил претпоставен таткото на актуелниот министер Оливер Спасовски, седи пред гласачко место во возило Сеат Толедо повремено по потреба излегува од возилото и насочува гласачи и лобира пред гласачкото место, а при тоа никој од членовите на избирачкиот одбор ниту пак униформираниот полициски службеник не реагира и тоа дознаваме од мештаните.

Исто така во село Љубодраг на гласачко место 1095 граѓаните не информираа дека е видено лице вработено во македонски пошти кое посетува домови на лица и агитира иако денеска е неработен ден и изборен процес и молк каде што агитирањето е забрането““.