Павловски: Куманово преплавено со флаери со негативна содржина за Максим Димитриевски (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Николај Павловски, денеска на прес конференција обвини дека продолжува да се спроведува црната кампања во последните денови пред вториот изборен круг.

Loading...

Како што посочи Павловски, флаери со негативна содржина за независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски биле расфрлани низ центарот на градот, а испишани биле и графити.

– Цело Куманово е преплавено со флаери кои имаат негативна содржина за нарушување на угледот на нашиот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски. Флаери се фрлаат по улици на јавен простор по влезови без тронка совест за нашата животна средина. Јавни површини се прекриваат со негативни графити насекаде низ градот и населбите, се загадува и уништува околината со една единствена цел, да победат на изборите со притисоци, местенки, лажни обвинувања и црна пропаганда. Епа нема да ви помине, порача Павловски.

 

 

Црната пропаганда, за која Павловски вели дека ја спроведуваа поединци од власта е со цел оцрнување на противкандидатите кај кумановци.

– Срамота е ова што се случува целиот изминат период, целите изминати месец дена. Пред неколку денови бевме сведоци на насилно однесување врз наши двајца кандидати за советници, насилство врз жена наш кандидат за советник, од страна на маж кандидат за советник од редовите на СДСМ. Засрамете се за постапките. Првите притисоци врз граѓаните и вработените во јавните институции ги правите вие. Барате да ви доставуваат сигурни гласачи, од 10 до 15, лажно обвинувате наши советници, а станува збор за класичен обид за изнуда на средства од кандидат во време на изборен процес, изјави Павловски.

Loading...

Павловски порача дека граѓаните на 31ви октомври ќе го казнат вкавкиот начин на работа преку насилство.

Никола Ивановски