Павловски: Каде е вработена Атина Мургашанска и кога последен пат се појавила на работа? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за советник во идниот совет на општина Куманово Николај Павловски денеска одржа прес-конференција на која јавно праша каде е вработена Атина Мургашанска и кога последен пат се појавила на работа.

Loading...

Во продолжение, ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:

 

 

Манипулациите, лажните вести и притисоците во оваа кампања за локални избори не престануваат.

Вчера, повторно бевме сведоци на уште една манипулација, но овој пат од носителката на листа за советници од редовите на СДСМ Атина Мургашанска.

Во однос на нивниот вчерашен прес кој имаше за цел да шири дезинформации само за да добијат глас плус повеќе, го потенцираме следново:

Loading...

Со назначувањето на нова директорка на ООУ „Браќа Миладиновци“ во месец август 2020 година затекната е состојба каде кровниот покривач на
централната училишна зграда има големо протекување на вода за време на врнежи и со мал обем. Истото, имаше негативно влијание на воспитно образовниот процес.

За оваа состојба, актуелниот и независен кандидат за градоначалник Максим Димитриевски издал итна насока за изготвување на проект за Санација на кров-замена на кровен покривач на училиштето „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ од страна на општината.

Тој, како татко на градот, не бил воопшто известен и запознаен за состојбата од претходната директорка на училиштето, која патем денеска се наоѓа на листата за советници од редовите на СДСМ на претстојните локални избори, каде носителка на листата е Атина Мургашанска која одржа прес-конференција на оваа тема.

Каква е оваа непрофесионалност? Ваш кандидат за советник, кој претходно бил директор на училиштето не информирал никого за оваа состојба со училиштето, а денеска без никаква совест држите прес-конференции каде сакате да ја префрлите вашата одговорност на Максим Димитриевски!?

За информирање на јавноста, Јавното претпријатие „КУМАНОВО ПЛАН“ Куманово изработи проект со кој на 23.11.2020 год. училиштето аплицираше по јавен оглас за финансирање на проекти за реконструкција на училишен објект објавен од Министерството за образование и наука.

Проектот е одобрен, истиот излегол на 28.09.2021 год. во Службен весник и е во постапка за прибирање на изведувач.

За ова училиште издвоени биле средства со кои е извршена привремена санација од протекување на кровот, додека и официјално не отпочне имплементацијата на проектот за Санација на кров замена на кровен покривач.

Најважно од се, учениците се безбедни во училиштето. Тие ја следат наставата во слободните училници и во информатичките кабинети.

Loading...

Пред да се охрабрите да држите прес-конференции на кои сакате да обвинувате и да манупулирате со граѓаните само за да победите на локалните избори, подобро е претходно да се информирате за да не ви се смеат граѓаните.

Дополнително би сакале да ја прашаме носителката на листа Атина Мургашанска, каде е вработена и кога последен пат се појавила на работа?

Дали е вистина дека целата репрезентација што следува за Совет на Општина Куманово наводно е потрошена по кафеани и ресторани?

Дали планира да ги врати народните пари кои ги земала изминатите 4 години, бидејќи се зборува во градот дека наводно не одела воопшто на
работа?

Граѓаните на Куманово заслужуваат да ја знаат вистината.

Во овие изминати четири години реализирани се повеќе од 160 проекти и активности за подобрување на условите во општинските училишта.

Реконструирани се фасади, кровови, училници, се менуваа прозорци и инвентар, се адаптираше пристапот за лица со попреченост.

Обезбедена е дигитална опрема, смарт табли, нагледни средства и други реквизити.

Loading...

Уредувани се училишните дворови, се градеа спортски терени и училишни спортски сали, а комплетно е реновиран и Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“.

И во следниот мандат, граѓанската иницијатива има план и визија како да го унапреди образованието во Куманово.

Предвидени се голем број на проекти кои ќе значат подобар квалитет на образование, подобри услови за работа на наставниците, како и поквалитетни услови за настава на учениците.

За наше Куманово е победничката понуда на овие локални избори.

На 31-ви октомври заеднички да ја заокружиме големата победа!