Павловски: 2017 ќе ја паметиме како година на промена

Сподели со своите пријатели

Драги и почитувани другари средношколци, годините кои изминаа сега веќе се минато, а за некој ден и 2017 година ќе остане зад нас.

Периодот кој помина покажа и не соочи сите нас со многу предизвици, провокации, стресови, притисоци и закани. Најголемиот кошмар беше „Екстерното тестирање“ кое со себе понесе многу интелектуални „жртви“, кое беше една од причините за иселувањето на младите, кое сега веќе го нема и кое сака заборавот да го однесе на буништето на ИСТОРИЈАТА НА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ, кои пробаа да не направат сите експериментални глувци и заморчиња, да ни врежат страв, да воспостават контрола уште од најраната возраст.

Иако е лошо, на тоа сеќавање никако не смееме да заборавиме и секогаш треба да се потсетуваме, на генерациите кои доаѓаат да им кажуваме дека не треба да дозволат да им се случи истото или нешто слично на тоа, а доколку се случи да кажат: СТОП, до тука, оние кои немаат претстава за тоа што значи лоша реформа и екстерно тестирање треба да им се објасни и да им се раскажува за да и тие еден ден раскажат на другите генерации кои што ќе станат ученици и да го разберат хоророт, да велат: НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!

Така ќе го победиме заборавот. Беше воведена „Кембриџ програмата“ која изврши сецирање на најмалите генерации, воведоа програма за неразвиени замји, за земји каде што образованието и интелигенцијата се на ниско ниво.Такви сакаа да не направат,неинтелегентни и неразвиени,тоа им беше целта за полесно управување,а вистинската свест која претходно постоела да избега. Затоа мора веднаш да биде отстранета од образовниот систем во сите видови на образованието. Програмите,учебниците, книгите мора да се ревидираат,да се изменат,да се направи детална промена во се што е поврзано со школството,бидејќи тоа беше активирана бомба која пукна и не разнесе сите нас. Не доведе во очај и воопшно незавидна ситуација и положба. За жал во образованието сеуште е присутен пустошот кој пополека мора да се чисти и да се гради нов,современ инлузивен и подобар систем-систем на знаењето и различните способности кои ги поседуваат учениците.

Периодот кој помина ќе го паметиме по конфликтот и две работи кои што го одбележаа:

-Првата е таа дека од другата страна на истиот мислеа дека ќе молчиме, ќе седиме мирно, сакаа да не газат,сакаа да не користат за нивни цели и за казнување на професорите и наставниците, не сакаа да отворат дијалог, да седнат со нас на маса,не покрија со земја.

-Втората е таа дека се излажаа,ниту молчевме, ниту седевме мирно, не успеаа да не згазат и да не искористат, а со тоа што не покрија со земја само не направија како семе,од земјата никна цветот на отпорот,порасна нашиот глас и го кажавме нашето мислење. Им се случивме ние… Протестите,бојкотот,камповите, сето тоа останува врежано и забележано како нешто најубаво во најнеубавото и мрачното време за учениците.

Пленумот не научи да се организираме. Сега продолжуваме со заложбите за подобро образование и ја продолжуваме нашата борба.Одиме до крај. Ја сопираме метастазата и го отстрануваме туморот. 2017 ќе ја паметиме како година на промена, година во која трагедијата екстерно, за која сите излегуваа на сцена,конечно заврши во неуспех, кој за нас значеше огромен успех.Сега периодот кој претстои ќе не следи со предизвици,но за среќа помали и треба да се справиме со нив како што се справивме и со големите. Нашиот пат кој го изодивме беше трнлив,но вредеше. Нашето зборување на она што го мислиме мора секогаш да трае,да продолжи да пламти и да не згасне. На подвиг треба сега да ни бидат поголемите права и слободи, да се вклучиме во сите видови на реформи од кои што сме засегнати,да создадеме ученички парламенти и да ги демократизираме,да ја поттикнеме што повеќе културата и хуманоста помеѓу младите,да се бориме за дисциплина,да создаваме и твориме и умстевно и физички,да го покажеме интелектот,да бидеме плодни за сите,за да вредиме,оти ние сме бисерот во калта која што треба да се чисти.Да реализираме повеќе проекти и да создадеме инклузивни и отворени,но и безбедни училишта. Како другарчиња да се учиме на вистинските вредности,морални и етички,а оној кој што прави грешки да му ги укажеме. Да се промениме сите и да станеме добри луѓе,да создадеме општесто каде што ќе биде срамота да не почитуваш правила и да бидеш лош ученик.Периодот кој е пред нас треба да биде исполнет со успех,такви се нашите надежи, ОПТИМИСТИЧНИ.

Да докажеме дека можеме. 2018 е година во која 21век доживува свое полнолетство, ја доживува својата зрелост-2018 треба да биде година на зрелоста,сите да покажеме дораснатост и спремност за исправање пред секоја одговорност. Како што имаме права имаме и обврски и тие мора да се исполнуваат. Им се заблагодаруваме на оние кои што ни дадоа и сеуште ни даваат знаење,да им речеме фала со неизмерна благодарност на нашите учители и учителки,наставници и наставнички и професори и професорки!Да им се заблагодариме на родителите!Да им се заблагодариме на сите оние кои беа со нас и до нас и не поддржаа и сеуште не поддржуваат.

Постојано да се заблагодаруваме,бидејќи тие тоа го заслужуваат! 2017 е година кога се роди идејата за Асоцијацијата,година на нашето создавање и година во која прв пат почнува реализирање на вистинско средношколско организирање. Годината која што ни е пред прагот ќе бара многу работа и таа ќе мора да се сработи и изврши не поради друг,туку поради нас, СРЕДНОШКОЛЦИТЕ! ЗАТОА ПРОДОЛЖУВАМЕ…

Затоа приклучете ни се! Ви ги честитаме новогодишните празници,а оние кои што ги празнуваат им ги честитаме и Божиќните. Посакуваме многу здравје и среќа,успех како во животот така и во учењето. Имајте пријатен зимси распуст драги наши,а од второто полугодие се гледаме со нови сили.Со силите на младите бидејќи тие се движечкиот фактор на едно општество. И запомнете:ЗНАЕЊЕТО Е НАЈМОЌНОТО ОРУЖЈЕ! #ПОЗДРАВ СРЕДНОШКОЛЦИ.

Пишува: Николај Павловски, Средношколска асоцијација