Патните исправи ќе се менуваат по истекот на нивната важност

Сподели со своите пријатели

Граѓаните своите патни исправи нема да мораат да ги менуваат веднаш, туку по истекот на нивната важност, рече денеска на прес конференција портаролот на Владата Миле Бошњаковски.

– Самиот договор е етапен договор, и тој треба да се имплементира во наредните 5 год. Трошоци за граѓаните нема да има, бидејќи нема да се менуваат сите патни исправи одеднаш, туку како им истекува рокот, ќе се менува патната исправа. Тоа се редовни трошоци, не се работи за вонредни трошоци. Оние патни исправи кои постојат, важат се до истекот – изјави Бошњаковски.

Leave a Reply