Патник тешко повреден во сообраќајка во Пелинце

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 11,40 часот на регионалниот пат Граничен Премин – Пелинце – Младо Нагоричане, во атарот на селото Пелинце, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Рено 19“ со кумановски регистерски таблици управувано од С.М.И.(27) од с.Пелинце излетало надвор од коловозот на левата страна и удрило во дрво, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.М.И. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентниот Центар во Куманово, од каде како итен случај била препратена во Ургентниот Центар во Скопје за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.