Патиштата кон селата Пезово, Скачковце и Коњух сѐ уште нерасчистени

Сподели со своите пријатели

Локалните патни правци кон кумановските села Пезово и Скачковце, како и кратовското село Коњух се сѐ уште непроодни.

Loading...

Мештани на овие три села во текот на вчерашниот ден во Центарот за управување со кризи пријавиле дека патиштата се уште имаат остатоци од снег.

Како што додаваат од РЦУК, од нивна страна биле известени општините Куманово и Кратово, но нема информации дали овие патни правци се исчистени од снегот, кој интензивно паѓаше минатата недела.

Leave a Reply