Парламентот на Данска бара пратениците да не користат ТикТок

Сподели со своите пријатели

Данскиот парламент бара од пратениците и другите вработени да не ја користат социјалната мрежа ТикТок поради загриженост за сајбер напади, јавува Anadolia.

Loading...

Парламентот изјави дека станува збор за мерка во рамките на зајакнување на сајбер безбедноста од ризикот од шпионажа.

Овој државен законодавен дом побара од 179 пратеници и вработени да не ја инсталираат апликацијата за социјални медиуми ТикТок на официјалните телефони и да ги отстранат веќе инсталираните апликации.

Претседателот на данскиот парламент, Сорен Гаде, во е-пошта испратена до претставниците и вработените изјави дека „на кои им е инсталирана апликацијата ТикТок на телефонот им се препорачува да ја отстранат“.

Парламентот го издаде предупредувањето по извештајот на данскиот центар за сајбер безбедност, кој работи во рамките на Службата за разузнавање, дека апликацијата може да се користи за шпионски цели.

Неодамна, некои дански политичари објавија дека ја отстраниле апликацијата TikTok од официјалните телефони поради сајбер безбедноста.

ТикТок се соочува со сериозни ограничувања поради загриженоста за безбедноста и приватноста, а постојат стравувања дека може да се користи дури и за ширење прокинески ставови и пристап до информации за корисниците.