Парижаните ги шокираа писоари среде улица (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Градските власти во Париз поставиле четири еколошки писоари на улиците, чија содржина ќе биде користена како ѓубриво за растенија, но парижаните се шокирани од писотротоарите, како се нарекуваат тие нови изуми.

Писоарите се црвени со жардинери за да се неутрализираат непријатните мириси.

Loading...

Се работи за експериментален проект: со собирање на урината истата ќе биде рециклирана и експертите ќе ја мешаат со слама и ќе ја претвораат во ѓубриво наменето за подобар раст на растенијата, рекол лоран лебо, научник од Нант и иницијатор на проектот.

Писотротоарите предизвикуваат заинтересираност кај туристите, но многу парижани го критикуваат проектот и сметаат дека нема доволно приватност затоа што нема кабини, така да секој може да застане и да го гледа минувачот кој го користи писоарот.

На социјалните мрежи се појавија и разни коментари – од шегувања, преку предупредувања дека се работи за полова дискриминација затоа што на мажите им е дозволено да вршат мала нужда на улица и прашањето зошто некој, би уринирал на улица.

Градските власти наведуваат дека избраните места се привремени и дека се отворени за сугестии дека писотротоарите треба да бидат на поинтимни места со повеќе цвеќе, бидејќи засега се наоѓаат среде некои прометни улици.

Писотротоарите се поставени и во близина на една од париските прометни железнички станици како и на познатиот плоштад Клиши каде се наоѓаат бројни продавници.

Leave a Reply