Парите главен проблем во бракот: Дали е подобро секој да има свои или да се заеднички?

Сподели со своите пријатели

Бројни студии спроведени низ целиот свет покажаа дека финансиите се едни од најчестите причини за расправии меѓу партнерите, и често овие проблеми доведуваат до развод.

Loading...

Приближно ист број парови имаат заеднички пари, како и многумина со посебни заштеди, т.е. секој си го троши своето.

Секој пар донесува одлука за која смета дека е најдобра, но брачните советници велат дека паровите кои парите ги сметаат за заеднички и ги трошат на долг рок се позадоволни.

 

 

Кога станува збор за парови кои одделуваат пари, тие обично издвојуваат пари за сметки и храна, а остатокот од парите ги делат на два дела, и секој располага со своето како што сака.

И тогаш се јавува проблемот затоа што, како што се покажа, тие трошат на различни работи.

Loading...

Според американското истражување, во парови каде што секој има свои пари, мажите трошат и до 70 проценти повеќе пари на алкохол, поточно, на плаќање пијалаци во нивното омилено кафуле.

Оние кои се малку побогати, кои не мораат да им го оправдуваат на сопругите за што ги трошат своите пари, обично даваат поголеми суми на поскапи автомобили.

 

 

За жените најголема слабост е шопингот. Според истражувањето, кога тие имаат свои пари, тие трошат 60 проценти повеќе на шопинг. А, кога ќе добијат бебе, тогаш трошат повеќе пари на детето, а помалку на себе.

Раздвоените пари се лошо решение

Експертите сметаат дека брачната заедница треба да важи и од финансиски аспект.

Loading...

Истражувањата покажуваат дека паровите кои имаат посебни заштеди на пари се помалку задоволни од бракот и веруваат дека нема доволно доверба и блискост меѓу нив.

 

 

Работата е, велат експертите, дека е многу себично еден од партнерите да ги задоволи неговите потреби, без да размисли дали ќе има доволно пари за заеднички трошоци.

Или уште полошо, ако однапред смета дека партнерот ќе ги „поддржи“ заедничките трошоци, тоа веќе покажува дека има големи проблеми во врската.

Најдоброто решение

Секој пар го избира начинот на управување со парите што го сметаат за најдобар во својата ситуација, но еве ги препораките на експертите.

Loading...

Тие советуваат дека најдобриот начин да се избегнат кавги за финансии е да се склучи договор на почетокот од нивниот заеднички живот во врска со трошоците за храна, сметки…

 

 

Тие велат дека по секоја цена едниот од брачните партнери треба да избегнува да игра улога на родител, а другиот дете кое тој само си угодува себеси и троши на она што го сака.

И најдобриот начин да се постигне тоа, велат тие, е однапред да се договорат за износот на заедничко и одделно трошење пари.

Loading...