Папата упати повик да престане истребувањето во Сирија

Сподели со своите пријатели

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрањо повика на крајот на истребувањето кое е во тек во Сирија, на помирување на Светата земја и го охрабри дијалогот на Корејскиот полуостров.

Обраќајќи се од балконот на црквата „Свети Петар“, папата во традиционалната порака до градот и светот, повика на мир во целиот свет, првин во саканата и напатена Сирија, чие население е исцрпено од војната на која не и се гледа крајот.

Папата ги повика сите политичари и воени претставници да го стопираат истребувањето кое е во теко, со почитување на хуманитарното право и пристап до помош на најзагрозените.

Фрања повика и на помирување во Светата земја, која овие денови е погодена од конфлик во кој незаштитените луѓе не се поштедени.

Во конфликетот помеѓу Палестинците и израелската војска во петок страдаа 16 Палестинци.

Папата го охрабри и дијалогот на Корејскиот полуостров каде владее атмосфера на намалена напнатост по две години нуклеарни и балистички проби на Северна Кореја.

Leave a Reply