Паника на лет од Полска: Авионот морал принудно да слета

Сподели со своите пријатели

Патнички авион, кој летал од Краков, Полска за Бристол, Велика Британија, слетал во Прага, главниот град на Чешка, поради закана за бомба.

Loading...

Според веста на „Гардијан“, авионот на „Изи Џет ерлајнс“, кој полетал од Полска, бил пренасочен кон Прага поради сомневање дека е поставена бомба.

Претставниците на аеродромот во Прага изјавија дека авионот со број 6276 безбедно слетал на аеродромот синоќа во 22:50 часот по локално време.

Чешката полиција соопшти дека на лице место се вештаци и дека е во тек увид.

Од управата на аеродромот изјавија дека во авионот немало опасен предмет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во фабрика за оружје во Велика Британија