Паланчани дивееле во угостителски објект: Претепале вработен и кршеле инвентар

Сподели со своите пријатели

Две лица од Крива Паланка вчера физички нападнале вработен во угостителски објект по што оштетиле инвентарот.

Loading...

– На 25. 01.2022 година во 00.45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода И.Г.(23) и Р.В. (27), двајцата од Крива Паланка, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Имено, на 24.01.2022 година околу 23.30 часот во угостителски објект на улицата „Илинденска“ во Крива Паланка, тие физички го нападнале Т.С.(32), вработен во угостителскиот објект и оштетиле дел од инвентарот.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски