„Пакомак“ и Општина Куманово потпишаа договор за селективно собирање на комуналниот отпад (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Филип Ивановски, директор на компанијата „Пакомак“, градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски и директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Петрушевски денес потпишаа договор за селекција и рециклација на комуналниот отпад од градот.

 

Loading...

DSC_0003

 

Според договорот се предвидува формирање зони за селектиран цврст отпад, со што хартија, пластика и стакло ќе бидат селективно собирани од новопоставени контејнери во градот и истите подоцна ќе бидат рециклирани.

Ќе имаме еден дел од градот и сукцесивно ќе го прошируваме тој опфат, на тој начин што ќе имаме поставување на контејнери за селектирање на цврст отпад кои во понатамошната постапка ќе биде во сопственост, односно ќе биде дел од работата на ЈП „Чистота и зеленило“ кои натаму на јавен повик, како секундарна сировина на заинтересираните компании кои работат со тој селективен отпад, односно секундарни сировини ќе го дава на понатамошно преработување – рече градоначалникот Дамјановски.

 

Како што истакна градоначалникот, со селекцијата на отапд ќе добиеме здрава животна средина, а ќе се намали количината на отпадот со што ќе се заштити животната средина.

Куманово е општина која генерира со околу педесетина илјади тони отпад годишно, вкупно од тоа по наша проценка од 17 до 12 проценти е амбалажен отпад, значи некаде околу десетина илјади тони кои секаок нема да можеме веќе во првата година да ги селектираме, но веруваме дека во следниве четири години голем дел од тој отпад ќе успееме да направиме да не заврши на депонија, туку на рециклирање – изјави Филип Ивановски, директор на компанијата „Пакомак“.

 

На јавна аукција собраниот амбалажен отпад, Јавното претприајтие „Чистота и зеленило“ ќе го дава на аукција, а во понатамошниот тек истиот ќе се рециклира.

Куманово, како најголема општина собира најголем дел од отпад, значи олеснување во дел на оперативните задачи на јавното претрпијатие, со тоа што сите оние работи кои беа рак рана, недостаток на контејнери, имаме нови 60 контејнери во централното градско подрачје и во договор со општина и Пакомак, бенефит од оваа работа ќе имаат граѓаните – изјави Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

Loading...

 

Директорот на компанијата „Пакомак“ за во иднина најави дека секој од угостителските објекти ќе добие сад за селекција на стаклен отпад, а низ централното градско подрачје во почетокот ќе бидат поставени околу 40 големи садови за селективен пристап кон комуналниот смет.

 

 

Селекцијата на отпадот ќе започне најпрвин во првата зона, односно во централното градско подрачје, а во текот на следните четири години ќе бидат опфатени и приградските и селските населени места.