Пакистан изложен на ризик од недостиг на храна

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации предупредија дека 5,7 милиони Пакистанци ќе се соочат со сериозен недостиг на храна во следните три месеци, како последица на катастрофалните поплави во таа земја летово.

Loading...

Според податоците на Светската здравствена организација, уште пред поплавите во Пакистан, 16 отсто од населението се соочувало со недостаток на храна.

Обединетите нации објавија дека во соработка со партнерите досега испратиле помош за 1,6 милиони луѓе во Пакистан директно погодени од поплавите.

Обединетите нации и многу земји досега испратија 131 авион со хуманитарна помош во Пакистан, а светската организација соопшти дека е неопходно да се соберат дополнителни 800 милиони долари за таа земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Пакистанските власти соопштија дека штетата од поплавите изнесува 30 милијарди долари.

Според најновите податоци на пакистанските власти, во поплавите загинале 1.695 луѓе, вкупно се погодени 33 милиони луѓе, а оштетени се повеќе од два милиони куќи, а се раселени стотици илјади жители кои моментално се во шатори.