Пакетчиња за најмалите пациенти на кумановската болница (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во придружба со Дедо Мраз го посети Детското одделение при Општа болница – Куманово.

Loading...

Димитриевскиим ја честиташе Новата година на дечињата и со новогодишни пакетчиња им посака побрзо оздравување.

– Наша обврска е да работиме на подобрување на стандардите и разговаравме со директорката  и за гасификација на болницата на која што интензивно работиме и од страна на општината и од болницата и се надеваме дека следната грејна сезона конечно ќе успееме да имплементираме проект со кој што и болницата ќе се затоплува со еколошко гориво, а тоа секако е гасот, изјави Димитриевски.

Директорката на кумановската болница Снежана Захариева, вели дека поради сезоната на вирози Детското одделение е преполно, па Дедо Мраз и градоначалникот имале преполни раце работа.

– Имавме многу дечиња, дел во дневната болница, дел хоспитализирани во болничките соби. Се надевам дека оваа посета им ја разубави атмосферата и на нив и на нивните родители. Мислам дека дваесетина дечиња се хоспитализирани, дел од нив се водат и во дневната болница, така што бројот е поголем, изјави Захариева.

Leave a Reply