Падот на Фејсбук бил поради тривијална грешка

Сподели со своите пријатели

Корисниците на Фејсбук и Инстаграм ширум светот не можеа да им пристпат на социјалните мрежи во среда и делумно во четврток. Некои од корисниците пријавуваа и недостапност на сервисите Whats App и Messenger.

Loading...

Причината била погрешна конфигурација на серверите на кои се „вртат“ овие социјални мрежи. Бидејќи Фејсбук планира наскоро воведување на нови опции како што е „Гејминг хаб“, ја смениле конфигурацијата и структурата на своите сервери, што довело до пад на целиот систем.

Ова е уште еден во низата скандали за компанијата. Минатата година Фејсбук беше дел од скандалите со „Кембриџ Аналитика“, каде е откриено неовластено пристапување на приватни податоци на милиони корисници.

Leave a Reply