Пад на Волстрит: Се тргува внимателно

Сподели со своите пријатели

На Волстрит денеска паднаа берзанските индекси бидејќи инвеститорите се загрижени за слабеењето на трошоците, главниот двигател на економијата и неизвесноста околу преговорите за зголемување на задолжувањето на државата.

Loading...

Dow Jones загуби 1,01 отсто, на 33.012 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,64 отсто, на 4.109 поени, а индексот Nasdaq 0,18 отсто, на 12.343 поени.

Серијата податоци што укажуваат на забавување на растот на американската економија продолжи и вчера со податоците за потрошувачката.

Продажбата на мало се зголеми за 0,4 отсто во април, многу помалку отколку што очекуваа аналитичарите во анкетата на Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

На слабост на потрошувачката предупреди и малопродажниот синџир Home Depot, кој во последниот квартал оствари послаби деловни резултати од очекуваните и ги намали проценките за заработката за целата година.

Растот на најголемата светска економија постепено се забавува, откако американската централна банка драстично ги зголеми каматните стапки за да ја ограничи инфлацијата. Сепак, прашање е колку долго инфлацијата ќе остане на покачени нивоа.

ФЕД: Намалувањето на каматните стапки нема да дојде наскоро

Инвеститорите се надеваат дека инфлациските притисоци значително ќе се намалат во наредните месеци, што ќе му овозможи на ФЕД да започне со намалување на каматните стапки на крајот на годината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Сепак, претставници на ФЕД велат дека инфлацијата ќе остане покачена некое време и дека намалувањето на каматните стапки нема да се случи наскоро. Впрочем, некои велат дека може да има дополнително зголемување на каматите.

Loading...

Внимателни се и инвеститорите поради неизвесноста во однос на преговорите меѓу демократите и републиканците за зголемување на горното ниво на задолжување на државата.

Доколку до 1 јуни не се постигне договор во Конгресот, федералните власти нема да можат да ја финансираат работата на некои државни институции.

Вчера благо паднаа и цените на акциите на европските берзи. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,34 отсто, на 7.751 поен, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,12 отсто, на 15.897 поени, а париски CAC за 0,16 отсто, на 7.406 поени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци