Пад на температурите и дожд во неделата што следува

Сподели со своите пријатели

Почетокот на неделата ќе започне со пад на температурите за десет степени проследено со засилен западен ветер, особено во северните делови, јавува УХМР.

Loading...

Утринските температури се движат од осум степени во Берово и Маврово, до 16 степен на југ од Македонија. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал меѓу 23 и 31 Целзиусов степен.

Во вторник ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи на југот од земјата, а потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди.

Дневната температура  ќе биде пониска за 5 до 7 степени во однос на денешната. Врнежи од дожд се очекуваат и во четврток кон петок.