Озонската дупка најмала во последните три децении

Сподели со своите пријатели

Озонската дупка над Антарктикот оваа година може да биде една од најмалите забележани во последните три децении, велат научниците.

Loading...

Набудувањата за количината на овој гас во повисоките слоеви на атмосферата покажаа дека дупката не се отвори во текот на 2019 година на начин како што тоа обично го прави.

Службата на ЕУ за атмосферски мониторинг Коперник (КАМС) објави дека дупката во моментов е повеќе од половина помала од вообичаеното кон средината на септември, објави Би-Би-Си.

Оваа агенција на ЕУ додаде дека дупката се преселила од Јужниот пол, над кој обично се наоѓа. Според проекциите на КАМС, нивото на озонот ќе биде стабилно или умерено во наредните денови.

Озонот е молекула составена од три атоми на кислород. Тој е одговорен за филтрирање на штетното ултравиолетово зрачење од сонцето. Овој гас постојано се создава и уништува во стратосферата, на околу 20 до 30 километри над површината на Земјата.

Овој циклус се одвива во во атмосфера, но хемикалиите кои се резултат на човечката активност предизвикуваат нарушување. Резултатот е осиромашување на озон, што е највисоко над Антарктикот во септември и октомври.

Leave a Reply