Озлогласениот француски сериски убиец почина на 79 години: Силувал и убивал русокоси девојки (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мишел Фурнир, осуден француски сериски убиец, почина денес во затворска болница, објави обвинителството. Тој извршил монструозни злосторства врз жени и девојчиња помеѓу 1987 и 2001 година.

Loading...

Фурнир, кого француските медиуми го нарекоа „Шумарот од Ардените“, беше осуден во 2008 година за силување, обид за силување и убиство на седум жени и девојчиња.

 

 

Тој секогаш ги избирал жртвите на ист начин – тие морале да бидат на возраст меѓу 12 и 30 години, да имаат руса или посветла коса и да живеат во област каде што нема многу луѓе и полиција. Значи, во некои изолирани места во Нормандија и околината.

На Французинот во злосторствата му помогнала неговата трета сопруга, Моник Оливија, која му пишувала додека бил во затвор во осумдесеттите години за сексуален напад и силување на малолетничка.

Во писмата тие постигнале договор – таа ќе му помогне да најде девици со цел да ги задоволи неговите болни фантазии, ако тој го убие нејзиниот прв сопруг кога ќе излезе од затвор.

Loading...

 

 

Исто така, таа била осудена на доживотен затвор за соучество, пишува Би-Би-Си.

Шумарот од Ардените беше осуден на две доживотни затворски казни, а во 2018 година повторно беше осуден за убиство на мафијаш во затвор. Убиецот, кој за време на судењето признал дека е фасциниран од девици, бил уапсен во 2003 година, откако 13-годишно девојче избегало од комбето и повикало полиција.

Парискиот обвинител Реми Хајц изјави дека Фурнир починал во болницата каде што бил примен на 28 април од блискиот затвор Фресн. Весникот Ле Паризиен објави дека Фурнир имал срцеви проблеми и Алцхајмерова болест, како и дека лекарите го држеле во вештачка кома непосредно пред неговата смрт.

 

Loading...

Leave a Reply