Озлогласениот албански мафијаш бил застрелан во близина на куќата со 30 куршуми (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Непознати напаѓачи го убиле водачот на локалната мафија во Скадар, Бардок Планај, познат и под прекарот „Кум“. 30 куршуми биле испукани кон неговиот „ровер“.

Loading...

Пред пукањето, Планај го следеле двајца напаѓачи, кои го фатиле на околу 150 метри од куќата во која живеел.

Оружјето од кое пукале било пронајдено во запален автомобил на приодите кон Скадар.

 

 

Планај беше главен осомничен во неколку истраги на мафијата, вклучувајќи шверц на дрога, перење пари, а пред потерата на италијанската полиција, неговите луѓе во 2014 година фрлија 210 килограми дрога во морето

Во слична акција на италијанската полиција, кланот на чело со Планај останал без околу 600 килограми марихуана, исто така фрлени во морето.

Loading...

Планај мистериозно успеал да избегне апсење пред четири години, откако се сокрил во автомобилот на член на албанскиот парламент.

 

Leave a Reply