Овој турски град заедно го граделе христијани и муслимани, а неговата историја фасцинира многумина (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Југоисточна Турција, во провинцијата Мардин сместен е истоимен град кој е слика на целокупната турска различност во културите и верувањата. Се наоѓа само 30 километри од северната граница со Сирија и на листата на УНЕСКО.

Loading...

Поглед на некогашна Месопотамија

Мардин, меѓу другото, е град специфичен по својот изглед и локација.

Се сместил на една страна на рид каде куќите се положени скалесто, а од нивните кровови се пружа поглед на непрегледните рамнини на некогашна Месопотамија, т.е. на долината на двете за цивилизацијата важни реки, Еуфрат и Тигар.

Loading...

Марадин се наоѓал на западната караванска рута во историјата, позната како Патот на свилата

Одиграл важна улога во развојот на христијанството и бил центар на сириската православна црква. Во него населението го сочинуваат Арапи, Курди, Сиријци и Турци и се зборуваат повеќе јазици: арапски, курдски и турски. Од религиски аспект, станува збор за соживот на две вери затоа што во Мардин живеат муслимани и христијани, а разни култури минале низ овој град. Секоја од нив зад себе оставила многу ремек дела.

Сите убавини на арапската архитектура

Минувајќи низ тесните градски улици, крај крововите на домовит екои служат како балкони и градини, можат да се видат бројни џамии, цркви и самостојни и интересни патеки покрај домовите.

Градот својот сегашен изглед најмногу го добил за време на династијата Артукид, која владеела од 12 до 15 век.

Loading...

Што се може да се види тука?

Шејтаќи низ Мардин, во кој мирно се одвива соживотот на различни култури и вери, само по себе е вистинско доживување. Но, од познатите атракции тука има сириска православна црква од 10 век, исламско училиште, Голема џаамија и Цитадела.

Секако може да се посети и Сакип Сабанци Мардин музејот, па да се информирате за бурното минато на овој град, а за да го разберете дневното темпо, посетете го пазарот.

Вредните раце на жителите

Населението е познато по умешноста за работа со сребро и изработката на сапут. Познато е и нивното маслиново масло.

Loading...

Фото: Пиксабеј

Leave a Reply