Овој тоалет е чудо од техника и чини 23 милиони долари (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Тоалетот, кој го разви американската вселенска агенција НАСА за опремување на нејзиното вселенско летало, е без сомнение еден од најскапите, односно највредните, во светот.

Loading...

Станува збор за високотехнолошка фабрика во чија изградба и производство се инвестирани дури 23 милиони долари.

Во Јапонија поставени проѕирни јавни тоалети, причината бизарна (ВИДЕО)

 

 

Овој специјален санитарен објект е официјално наречен „Универзален систем за управување со отпад“ (UWMS), и е за дури 65 проценти помал и 40 проценти полесен од тоалетите што астронаутите во моментов ги користат.

Зошто вратите на јавните тоалети не се до подот?

Loading...

НАСА одлучи за својот развој по забелешките што ги дадоа астронаутите поради непрактичноста на сегашниот тоалет. Забелешките се однесуваа на недостатоците во конструкцијата на ремените за фиксирање на телото (за да не „лебди“ од при мокрење).

 

 

Новиот систем ги елиминираше овие проблеми, и покрај тоа, се покажа како многу поекономичен, поефикасен и многу подобар во рециклирањето на уринот, што потоа се претвора во вода.

Коментирајќи го рециклирањето на урината во леталата, астронаутот Џесика Меир на шега рече:

– Кога станува збор за урината на Меѓународната вселенска станица – денешното кафе е и утрешното кафе!

Зошто даската на ВЦ школката во некои јавни тоалети има форма на буквата „У“? (ВИДЕО)

Loading...

 

 

Тоалетот UWMS за прв пат ќе полета денеска, кога ракетата Антарес ќе го пренесе на Меѓународната вселенска станица.

Британски град воведува анти-секс тоалети

Тоалетот е дел од мисијата на вселенското летало Cygnus NG-13, кое покрај апаратот носи и храна за астронаутите на МСС.

 

Loading...

Leave a Reply