Овој италијански град забрани ноќна прошетка за туристите

Сподели со своите пријатели

Властите во Фиренца одлучија да се забранат прошетка во најпопуларните делови на градот од 21 до 6 часот наутро, со цел да се спречи пренатрупаноста за време на пандемијата.

Loading...

Ова правило нема да важи за туристите и граѓаните кои ќе консумираат храна и пијалоци во некои од баровите и рестораните во овие делови на градот.

Градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела донесе одлука пешачењето кон популарни места во четврток, петок и сабота навечер да биде забрането до ново известување.

Пристапот до областите во центарот на градот нема да биде дозволен од 21 до 6 часот наутро. Исклучок ќе бидат посетителите на баровите и рестораните во овие области.

 

 

Избраните области кои се предмет на забраната се познати по тоа што луѓето сакаат да одат и да седат на скалите на познатите цркви и палати.

Loading...

Забранета е консумација на пијалоци и храна на скалите на Базиликата во Санто Спирито за 24 часа.

Секој што ќе го прекрши ова ново правило ќе мора да плати казна од 400 до 1.000 евра. Забраната ќе важи до крајот на пандемијата.

 

 

Локалните жители се прилично лути на ваквата одлука, бидејќи плоштадите се јавни места и на овој начин скоро се вели дека можете да влезете во одредени делови од градот доколку имате сметка од ресторан.

Се огласи и Ајке Шмит, директорот на галеријата „Уфизи“, во која се наоѓа една од најпопуларните колекции на ренесансната уметност во светот, предлагајќи воведување на т.н. данок за сендвичи, што би значело оданочување на улични продавачи на брза храна што ги консумираат туристите, а потоа пакувањата ги фрлаат низ градот и во дворот на палатата Уфизи.

 

Loading...

 

Таквиот предлог наиде на различни коментари – некои се воодушевени од идејата, некои сметаат дека не е вистинско време да се воведат нови даноци 18 месеци по почетокот на пандемијата, додека некои потсетуваат дека Фиренца е позната по својата култура на улична храна.

Сите се согласуваат за една работа – некултурните туристи треба да бидат казнети.

Leave a Reply