Овој филм ги урна сите рекорди и стана најгледан во историјата на Нетфликс (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нетфликс објави дека акционата комедија Red Notice е нивниот најгледан филм.

Loading...

Филмот беше објавен на платформата на 12 ноември, а веќе на првиот ден од неговото емитување стана најгледаниот филм на стриминг сервисот.

Филмот беше во категоријата топ 10 филмови во последните три недели, а моментално 50 отсто од претплатниците на Нетфликс го гледале филмот, јавува Си-Ен-Ен.

Веста на социјалните мрежи ја споделија и ѕвездите од серијата Гал Гадот и Двејн Џонсон.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Gal Gadot (@gal_gadot)

 

„Леле, леле, леле… леле! Не можам да ви кажам колку сум среќен, колку сум благодарен, колку сум воодушевен од оваа луда статистика и информација. Го направивте нашиот филм најгледан во историјата на Нетфликс!! ! Вие сте причината поради која ги снимаме овие филмови. Вашата љубов ни значи се. И во никој случај не го земаме здраво за готово. Ви благодариме”, напиша Гал во описот на објавата на Инстаграм.

Loading...

Објавата Добри ја сподели на Инстаграм The Rock, кој им се заблагодари на гледачите и истакна дека на Red Notice му претходел најгледаниот филм Bird Box во кој главната улога ја толкува Сандра Булок.

Последниот најгледан филм на Нетфликс, Bird Box, заработи 282 милиони часови во првите четири недели, додека Red Notice заработи 328,8 милиони часови за три недели.