Овој филм е снимен сега, а ќе биде емитуван за 100 години (видео)

Сподели со своите пријатели

Актерот Џон Малковиќ и режисерот Роберт Родригез снимиле филм кој никој нема да може да го гледа во наредните 100 години.

Loading...

Филмот се наоѓа во времеска капсула која ќе биде отворена на 18-ти ноември 2115 година.

Остварувањето го носи името „Сто години“ и всушност е реклама за францускиот коњак „Луј XIII“ на кој исто така му е потребен еден век да созрее.

Според пишувањатана листот Барајети, за филмот скоро ништо не се знае, освен дека е „полн“ со емоции.

Објавени се три најавни видеа – тизери кои всушност не окткриваат ништо за содржината на филмот туку прикажуваат иста сцена со различни толкувања на иднината.

Имаше неколку опсции кога проектот прв пат беше претставен за тоа како ќе изгледа иднината – изјавил Малковиќ.

Неверојатна хај-тек визија на светот кој е далеку пред компјутерите, пост-Чернобилска визија со навраѓање во природата во полуовената цивилизација и ретро иднина како поглед на иднината онака каок што е замислена во научнофантастичните дела од 1940-те и 1950-те години – објаснува главниот актер.

Компанијата „Реми мартен“ која го произведува коњакот, ќе подели 1.000 метални карти кои на потомците на оние кој ќе ги добијат ќе им овозможи да го гледаат овој филм.