Овој човек секоја ноќ убива по 4.000 комарци, а како мамец го користи своето куче (видео)

Сподели со своите пријатели

Комарците во летниот период се најголемиот кошмар на сите, но Дан Ројас има решение за оваа здодевна напаст.

На интернет открива како најефикасно да се заштитите од комарците и на едноставен начин да убиете илјадници од нив.

Имено, главниот дел од неговиот изум е едноставен високо-напонски индустриски вентилатор. Ваквите фенови можат на интернет да се купат за 150 евра, а доколку се остават вклучени во текот на ноќта можат да насоберат, односно убијат илјадници комарци.

За да се осигурате дека во фенот нема да паднат бубачки, листови или леплив полен, на вентилаторот налепете магнет мрежа. Меѓутоа, самиот вентилатор не е она што ги привелкува комарците, туку најмногу ги привлекува човечкиот здив или домашен миленик. ТОкму затоа Ројас го користи својот питбул Роки како мамец.

Тајната е во јаглерод диоксидод кој е еден од прудктите на дишењето, а кој покрај тоа што го емитуваат животните може да биде емитуван и така што ќе сеотвори газирана пластична флаша од која гасот полека ќе истекува.

На тој начин во неговата замка секоја ноќ намамува и собира во просек околу 4.000 комарци и ситни инсекти, но самата замка не ги убива, па Ројас мора да користи чист алкохол со кој ги прска заробените инсекти и ги убива. Потребно е само замките да се постават на стратешко важни места како кафез за животни, влезна врата од куќа или слино.

Но, како и самиот вели, тој, Роки неговите останати животни барем можат мирно да спијат, пишува „Дејли Мејл“.

Loading...