Овој човек ќе има храброст да му се спротивстави на Путин

Сподели со своите пријатели

Рускиот опозиционерски лидер Алексеј Навални денеска ја прескокна првата пречка на патот да учествува на претседателските избори во 2018 година, собирајќи повеќе од доволен број потписи за да во Централната изборна комисија ги предаде документите потребни за претседателската кандидатура.

Централната изборна комисија, која претходно соопшти дека тој не може да се кандидира бидејќи е осуден на условна казна затвор, сега на располагање има пет дена да одличи дали Навални ќе биде регистриран како претседателски кандидат, пренесува Ројтерс.

Навални (41) е доглогодишен борец против корупцијата меѓу руската елита, доби поддршка на 742 луѓе на собир во московскиот кварт, што е повеќе од минималните 500 потребни за да се поднесе номинација за претседателска кандидатура.

 

Loading...

 

– Не постои голема поддршка за Путин и неговото владеење во оваа земја, рекол Навални на собирот, опишувајќи се себе како вистински кандидат за изборите и заканувајќи се дека неговите приврзаници ќе го бојкотираат гласањето ако му забранат да се кандидира.

Како наведува АП, Навални е најсилниот противкандидат на претседателот на Русија Владимир Путин во последните 18 години на власта.

Меѓуто,а Навални е кривично осудуван, па Централната изборна комисија би можела да му забрани учество на зиборите, но доколку пресудата се повлече ќе добие посебна дозвола за учество и нема да има проблеми.

 

 

Покрај неговата кампања, сепак 80 отсто од Русите го поддржуваат Путин, што го прави сигурен победник на изборите закажани за март следната година, заклучува американската агенција.