Овој човек ја продава својата Лада за 130.000 евра (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Еден од најпопуларните модели во поранешна Југославија не се сметаше за спортски автомобил, бидејќи Лада Рива имаше некои други доблести, но овој пример е многу вреден.

Loading...

Сопственик на оваа Лада Рива, односно ВАЗ 2105 според фабричката ознака е Федор Воробјев, еден од најдобрите дрифтери во Русија, кој со години успешно настапува со својата Лада и секогаш е на самиот врв на конкуренцијата. Воробјев неодамна реши да ја продаде својата Лада, а истакнатата цена од неверојатни 137.000 евра ги изненади и најголемите љубители на дрифтот.

Нема потреба да се оспорува фактот дека во тјунинг се вложија многу пари, труд, знаење и време, но цената сепак изгледа претерано.

Во основа, оваа Лада Рива нема речиси никакви допирни точки со фабричкиот модел. Единствената несомнена врска е обликот на каросеријата, додека речиси сите елементи на механиката и внатрешноста се заменети со тркачки.

Под хаубата се наоѓа 3.0 турбо бензинец со дури 610 КС и 800 Nm, а како изгледа оваа Лада во акција погледнете во видеото: