Овој баварски град лежи на 72.000 тони дијаманти

Сподели со своите пријатели

Баварското гратче Нердлинген прв пат се споменува во деветиот век. Жителите го подигнале во кратер од 26 километри изгаснат вулкан. За изградбата користеле камен од околината, кој им делувал необични затоа што помалку се прелевал.

Таа негова моќ ја препишале на влијанието на вулканот и таа приказна за нив била завршена. Се до шеесетите години кога целата историја на нивното место не била свртена наопаку.

Розовиот дијамант продаден за 32 милиони долари

Loading...

Во градот пристигнале двајца американски геолози, Јуџин шемакер и Едвард Чао кои по спроведените истражувања дошле до заклучок дека градот не лежи на кратер од вулкан, туку во кратер од астероид.

 

 

Ја објасниле и мистеријата на светлите камења. на местото на ударот на метеор се формирал посебен вид камен – суевит, кој при удирање во веќе постоечките гранитни блокови зодржи и минијатурни дијаманти.

Шрикои се само 0,2 милиметри и едвај видливи со човечко ок. Сите куќи во местото се изградени од суевит. Шемакер и чао процениле дека куќите, црквите и другите објекти во себе имаат околу 72.000 тони дијаманти.

И ТОА ПОСТОИ: Сладолед направен од дијаманти и злато (фото+видео)

– Среќа што дијамантите се толку мали, затоа што црковното ѕвоно и останатите згради одамна би биле ограбени, вели Хорст Ленер.

Метеорот најверојатно имал дијаметар од еден од 1,5 километри и се движел со брзина помеѓу 20 и 25 километри во секунда. Во Земјата удрил пред околу 15 милиони години и направил кратер со широчина од 24 до 26 километри. Тоа било утврдено со неодамнешните исражувања со помош на компјутерски модел.

 

 

Loading...

Во светот постјат уште градови изградени од материјали формирани по удар на метеор, но никаде нема таква концентрација на дијаманти како во Нердлинген.

Кратерот во германскиот град од скоро 20.000 жители, толку е специфичен и единствен што американските астронаути од мисиите Аполо 14 и Аполо 16 го посетиле градот за да научат нешто повеќе за карпите какви ќе имаат можност да затекнат во вселената и кои би требало да ги вратат на Земјата.

Зошто дијамантите се толку скапи? (видео)

– И ден-денес не посетуваат луѓе од НАСА и Европската вселенска агенција, вели др. Стефан Хелзл, геолог и директор на локалниот музеј.